Холивудскиот глумец Ештон Кучер признал дека почнал да ќелавее. Тој во шоуто на Конан О’Брајан признал дека со години се бори со паѓањето на косата.
„Ти секогаш изгледаш одлично. Имаш добра коса“, искоментирал Конан на што Ештон одговорил дека поминува низ тежок период, оти неговата коса почнува да се проретчува. Додал и дека пред многу години бил на специјалист кој му помогнал со губитокот на косата. Докторот му препишал лек, ама Ештон се плашел од нуспојавите, па се откажал од третманите.
„Престанав да го земам пред три години и сега ќелавеам. Но, сакам да носам капи, па тоа нема да биде проблем“, рекол актерот.