Ештон Кучер помислувал на самоубиство

Во едно интервју актерот Ештон Кучер признал дека помислувал на самоубиство за да го спаси животот на својот брат близнак Мајкл. На Мајкл уште во раното детство му е дијагностицирана блага форма на церебрална парализа, па се соочувал со проблеми со говорот, видот, моториката, но најголемата битка ја водел со проблемите со срцето.

„Не сакав да си одам дома за да не слушам нови лоши вести за Мајкл“, рекол Ештон во истото интервју. „Постојано работев за да се окупирам со нешто и да не си дозволам да чувствувам“.

На 13-годишна возраст состојбата на Мајкл толку се влошила, што лекарите прогнозирале дека нема да преживее без операција на срцето.

„Лекарите му дадоа само уште 48 часа, па во тој момент си помислив дека морам да се жртвувам за тој да живее, јас да се убијам, а нему да му го пресадат моето срце“, рекол Ештон. „Стоев на терасата од болничката соба на брат ми и сакав да скокнам кога излезе татко ми и ме праша за што размислувам. Му кажав, но тој ми рече дека не смеам ни да помислам на такво нешто. Во истиот момент во болничката соба влегоа лекарите, рекоа дека починала некоја жена на Флорида и дека е соодветен донор за Мајкл“.

Операцијата била успешна, а Мајкл денес е поборник за правата на децата со церебрална парализа и гласноговорник на фондацијата Reaching for the Stars.

Scroll to Top