Светски познати естетски хирурзи открија што променила поранешната војвотка и сопруга на Хари кај себе. Тие велат и дека голем број од нивните клиентки бараат да изгледаат исто како Меган.
„Таа има совршен обликуван нос. Правилно ѝ се наместени очите и нејзината брада во облик на буквата V. Таа е класично убава жена. Лицето ѝ има убав облик, а тоа е она што Грците го сметале совршено“, изјавил познат естетски хирург.
Сите жени најмногу се восхитуваат на носот на Меган Маркл. Тој од профил изгледа многу женствено, но експертите тврдат дека тоа не е подарок на мајката природа, туку дека поранешната војвотка посетила неколку пластични хирурзи.
Како што наведуваат тие, од нејзините фотографии од тинејџерските години јасно се гледа дека нејзиниот нос изгледа покрупно, иако Меган никогаш не признала дека посетила пластичен хирург и дека направила каква било операција.