Ева Лонгорија доби ѕвезда на Булеварот на славните

Актерката Ева Лонгорија доби ѕвездата на холивудскиот Булевар на славните. Таа, на свеченоста што се одржа вчера, дојде во придружба на нејзините пријатели Викторија Бекам, Рики Мартин, Фелисити Хофман и Мелани Грифит.

Ѕвездата од ТВ-сапуницата „Очајни домаќинки“ е скоро пред породување. Наскоро треба да го роди првото дете. Ова е прво дете и на нејзиниот сопруг Хозе Бастон.

 

Scroll to Top