Светски познатата глумица Ева Лонгорија вчера роди син. Првото дете на популарната „очајна домаќинка“ ќе се вика Сантијаго Енрике Бастон, открила Лонгорија веднаш по породувањето.
„Благодарни сме за овој благослов,“ рекла Лонгорија за „HOLA! US“ и додала дека синот тежел 3 килограми.
43-годишната глумица отсекогаш сакала да има деца. Таа и сопругот Хозе Бастион зад себе имаат по еден брак. На Ева ова ѝ е прво дете, а Хозе од првиот брак има три деца.