Ева Мендез и Рајан Гослинг чекаат близнаци

Холивудските ѕвезди Ева Мендез и Рајан Гослинг набргу ќе добијат близнаци, пишува „Холивуд лајф“. Тие се повикуваат на пријатели блиски на глумците, кои велат дека Ева е бремена со близнаци – момче и девојче. Додаваат и дека овој пат се решиле за вештачко оплодување и дека се пресреќни што повторно ќе станат родители.

Двојката не ја потврди веста, но тие се познати како луѓе што не ја споделуваат приватноста со јавноста. Ева претходната бременост успеа да ја чува во тајност до неколку недели пред породувањето. Ева и Рајан имаат две ќерки, тригодишната Есмералда и двегодишната Аманда.

Scroll to Top