Еванс: Плачев шест пати кога ги гледав последните „Одмазници“

Екипата на студиото Marvel во Лос Анџелес го прослави завршувањето на снимањето на Avengers, од последната епизода од 22 филма кои станаа најуспешната филмска франшиза на сите времиња.

Стотина членови од филмската индустрија, глумци, фанови и претставници на медиумите премиерно го гледаа тричасовниот акциски спектакл Avengers: Endgame, „Одмразници, крај на играта“, а филмот од среда ќе почне да се прикажува и во кино салите ширум светот.

Роберт Дауни Јуниор (од филмот „Ајромен“), Крис Хемсворт (од филмот „Тор“), Скарлет Јохансон („Црната вдовица“), Крис Еванс („Капетан Америка“), Бри Ларсон („Капетан Марвел“), и други прошетаа низ црвениот тепих во Лос Анџелес.

„Возбуден сум што конечно ќе го гледам филмот“, изјавил Пол Руд, кој го толкува ликот на Ant-Mаn. Руд вели дека како и другите членови на филмската екипа, тој го нема гледано крајниот производ на филмот, затоа што таква е политиката на студиото „Марвел“.

Руд изјавил дека патувал низ светот и се обидел најдобро што може да го промовира филмот, без претходно да го гледал. Тој вели дека тоа за него претставувало чудно искуство, но дека сега е среќен што конечно ќе може да го погледне филмот. На премиерата биле Лиам, братот на Крис Хемсворт и неговата сопруга  Мајли Сајрус.

Endgame ја заокружува приказната од шест оригинални филмови во серијата Avengers – „Ајрон Мен“, „Капетан Америка“, „Црната вдовица“, „Хулк“, „Тор“ и  „Хокај“. Филмот е продолжение од минатогодишниот филм Avanger: Infinity War, кој ги остави љубителите во недоумица затоа што се чинело дека хероите на „Марвел“ се претворени во прав од раката на злобниот лик „Танос“, кој го ига Џош Бролин.

Во Endgame, јунаците кои преживеале, се обидуваат да го убијат „Танос“ и да ја поправат штетата која тој ја направил. Еванс признал дка плачел шест пати додека го гледал филмот.

Претходните 21 филмови во продукција на студиото „Марвел“, кое е во сопственост на Walt Disney, оствариле најголем профил во историјата на снимањето на филмови. Заработени се повеќе од 18,6 милијарди долари само од кино благајните од 2007 година.

Иако со филмот Endgame, завршува сагата со „Одмазници“, некои ликови ќе се појават и во идните филмови. Спајдермен се враќа на екраните во јули, со филмот Spider-Man: Far from Home, („Далеку од дома“).

Се подготвува и продолжение на филмот Black Panter, („Црниот пантер“).

 

 

Scroll to Top