(Фото) Бијонсе полугола се качи на коњ за насловната од новиот албум

Пејачката Бијонсе на социјалните мрежи ја објави насловната фотографија од својот нов албум Renaissance, кој треба да излезе кон крајот на јули.

На фотографијата Бијонсе позира полугола на коњ.

„Создавањето на овој албум ми овозможи да создадам место за моите соништа и да избегам од застрашувачкиот свет во кој се наоѓаме.Тоа ми овозможи да се чувствувам слободно и авантуристички во време кога малку се движеше. Мојата намера беше да создадам безбедно место, место без осуда. Место каде што ќе бидете ослободени од перфекционизам и прекумерно размислување. Место за врескање, чувство на слобода“, напиша пејачката.

На почетокот на овој месец Бијонсе ја објави првата песна од албумот Break Your Soul, која веднаш стана хит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyoncé (@beyonce)

Scroll to Top