Фала богу немаше мобилни, Бебе Реџа два дена по инцидентот имаше нов концерт

Само два дена откако ја погодија со мобилен телефон во глава, албанската пејачка Бебе Реџа одржа нов концерт во рамки на нејзината турнеја. На крајот од настапот им се заблагодари на фановите што концертот минал без инциденти.

„Уште една песна до крај и готови сме. Фала му на Бога, немаше мобилен телефон“, рече Бебе на песната In The Name Of Lovе.

Претходно на социјалните мрежи им покажа како ѝ оди закрепнувањето и сподели фотографија од потеченото око и големиот фластер со кој ги покри конците кои ги доби. Бебе беше повредена за време на првиот концерт кога обожавател ја удри со мобилен телефон во глава.

Пејачката заврши со исечена веѓа и три конци. Неколку часа по инцидентот на социјалните мрежи сподели фотографии и на своите фанови им порача дека е добро. Мажот кој ја погоди подоцна призна дека тоа го направил од забава.

„Се обидував да видам дали можам да ја удрам со телефон на крајот од концертот бидејќи мислев ќе биде забавно“, рече напаѓачот кој сега го чека судење.

Scroll to Top