Фановите ја исмеаја Џенифер Лопез: „Личиш на новогодишен поклон“

Светската ѕвезда Џенифер Лопез ги разочара фановите со изгледот на синоќешното доделување на Златните глобуси. Тие го исмеаја нејзиниот бел фустан со огромна златна и зелена машна, кој е креација на Валентино. Пејачката и глумица ја споредија со убаво спакуван подарок оставен под новогодишната елка. И модните критичари пишуваат дека Џенифер овојпат потфрли во изборот, а твитерџиите ја критикуваа во свој стил.

„Џен, злато, не си поклон за под елка“, „Изгледа Џенифер го облекла џемперот на Рајан Рејнолдс“, „Ако сакате поклоните догодина да ви се убаво спакувани, викнете ја на на помош Џеј Ло“, „Што ли си мислеше жено?“, „Мајка ми ни како дете не ме облекувала вака“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку, Лопез низ годините често носи фустани од Валентино на црвениот тепих. Овојпат изгледот го дополни со зелени дијаманстски обетки и ѓердан од „Хари Винстон“.

 

Scroll to Top