Фановите ја критикуваат Мадона дека со сила се прави млада и не сака да ги прифати годините

Поп-пејачката Мадона објави видео на социјалната мрежа „Тик-ток“, на кое јасно се гледаат нејзините хируршки зафати. Видеото на кое Мадона одблиску се снима беше повод фановите да ја нападнат за нејзиниот изглед.

Според мислењето на нејзините фанови, пејачката го изгубила компасот и на залезот на кариерата на секаков начин се труди да ја задржи популарноста.

Многумина се прашуваа што се случи со вистинската Мадона. „Што ѝ се случило?“, „Личи на Мерлин Менсон“, „Би сакала луѓето да прифатат дека сите старееме“, „Ова е доказ дека парите и вкусот не одат заедно“, се дел од коментарите напишани под видеото.

@madonna♬ Ginseng Strip 2002 – Yung Lean

Scroll to Top