Фановите на Адел се разочарани од ВИП пакетот за Формула 1 во Вегас, за пет милиони долари ќе добијат само две влезници за нејзиниот концерт

Од компанијата Caesars Entertainment го објавија договор за ВИП пакетот за Големата награда на Формула 1 која ќе се одржи во Лас Вегас следната година. Многумина забележаа дека иако има 12 билети за трката, ќе добијат само два билети за концертот на британската пејачка Адел.

Пакетот вклучува 12 карти за клубот Paddock во текот на неделата на трката, два билети за концертот на Адел во „Палатата Цезар“, пет ноќевања во апартман на тераса од 4.700 квадратни метри со поглед на тркачката патека, 24-часовна услуга за батлер, користење на Rolls управуван од шофер и приватна вечера со готвачот Нобу Мацухисо, кој има Мишелин ѕвезда во угостителство.

Иако се работи за пакет кој многумина не можат да си го дозволат, фановите останаа збунети како е можно да има само две карти за концертот на Адел.

„Одвратно што Формула 1 воопшто го дозволува тоа. Зошто воопшто би гледал трка во САД кога можам да ја гледам во Европа за многу помалку? Ова е толку смешно. Дали сум лут што во пакетот има само две карти за резиденцијата на Адел во Палатата Цезар? Ни требаат 12 од нив. Поправете го тоа. Така, за 5 милиони долари можете да однесете 11 гости во Формула 1, а потоа да им се извините на десет од нив што немале билети за нејзината резиденција“, биле само некои од коментарите.

Сместувањето во вилата вклучува и Зен градина со јапонска онсен бања, маса за билјард, полн бар, кујна на отворено, како и сауна и приватна сала за третмани со спа.
За потсетување Адел во изминатата година заработи 11,5 милиони фунти, благодарение на објавувањето на новиот албум и отворањето на сопствената резиденција во Лас Вегас.

Scroll to Top