Веста за смртта на готвачот и кулинарски-патеписец, Ентони Бурден, го шокираше светот. Непосредно откако беше објавена смртта на Бурден, неговите фанови почнаа да доаѓаат во ресторанот каде тој станал познат готвач, њујоршкиот, Brasserie Les Halles.
Таму се оставаат пораки и цвеќиња во негов спомен.
Потсетуваме, најпознатиот светски гастро-патник, врвен готвач и долгогодишно заштитно лице на телевизијата „Си-ен-ен“, Ентони Бурден, се самоуби во Франција, каде што снимал нова епизода за неговиот серијл „Parts Unknown“ (Непознати предели). Бурден имаше 61 година.
Ресторанот Les Halles е затворен, но и покрај тоа, фановите пред вратата и прозорците на ресторанот оставаат пораки во спомен на Бурден. Исто така оставаат и негови фотографии, а заедно со нив и пораки за поддршка за лицата кои патат од депресија, како и бројот од телефонската служба за превенција на самоубиства.
Stopped by Les Halles in NY, where people are paying their respects to Anthony Bourdain. pic.twitter.com/KC7FuClHgE
— DJ Judd (@juddzeez) 8 June 2018
„Ти благодарам за сè што му подари на овој свет и за подлабокото разбирање за културата и храната“, се вели во една порака. Во други пораки, луѓето пишувале како Бурден го сменил начинот на кој тие гледале на некои од најмаргинализираните земји во светот.
Наградуваната серија на Бурден, „Parts Unknown“ ја донесе светската кујна пред гледачите ширум целиот свет. Емисијата ја покажуваше неверојатната разновидност на култури и јадења, но исто така и колку луѓето споделуваат заеднички работи.