Фановите на американскиот рапер Мек Милер, кој беше пронајден мртов во својот дом, ја обвинија пејачката Аријана Гранде за неговата смрт. Мек Милер и Аријана беа во врска шест години, а раскинаа пред шест месеци. Пејачката брзо потоа се вери со Пит Дејвидсон.
„Ѝ го посвети новиот албум. Ја молеше да се смират. Страдаше заради неа. Таа е виновна што е мртов“, пишуваат фановите на 26-годишниот Милер на социјалните мрежи.
Веста за смртта на раперот вчера ја потврди неговото семејство. Неофицијално, тој починал од предозираност.