Фановите не можат да ги разликуваат Софија Вергара и внука ѝ

Колумбиската глумица Софија Вергара објави фотографија со внука ѝ Клаудија со која многу си личи. Фановите ѝ порачаа дека изгледаат како близначки и дека не можат да ги разликуваат. Двете позираа на патувањето во Арканзас. Носеа исти фризури, беа исто нашминкани и облечени во црна комбинација.

Поранешната ѕвезда од „Модерно семејство“ носеше едноставен црн роп со долги ракави и кожни џогери. Клаудија носеше деколтиран црн топ со ниско деколте. Двете комбинации ги комплетираа со пуфер јакна со принт од лепард и соодветна чанта со мал принт. Носеа и сиви фармерки и чизми со прерамки.

Голем број обожаватели не веруваат како Софија и нејзината внука толку си личат. Им коментираа дека изгледаат како сестри близначки иако меѓу нив има голема разлика во години.
И Клаудија е глумица и на „Инстаграм“ инфлуенсерка. Од 2018 година го води Latinx Now со Кристијан Аскот и Настасија Бливар, пренесе  Daily Mail.
Scroll to Top