Студиото Ворнер Брос објави фотографија на Твитер од Рајан Гослинг, кој ќе го глуми Кен во филмот за Барби. Главната женска улога ќе ја игра Марго Роби. Ворнер Брос напиша „Барби, 21 јули 2023 година во кината“.
Гослинг, кој е познат по улогите во филмовите Notebook, Drive, Blue Valentin, „Blade Runner 2049, на сликата е со исончано тело и бланширана коса.
Фановите на Гослинг сепак не се воодушевени од изгледот на новиот Кен. „Не се срами?“, „Зошто е русокос?“, „Ова е Кен?“, се само дел од коментарите.
#BARBIE
July 21, 2023
Only in theaters. pic.twitter.com/DAemOyv5H8— Warner Bros. Pictures (@wbpictures) June 15, 2022