Фановите се убедени дека Џастин Бибер реагирал на свршувачката на Селена со тајна порака

Фановите се убедени дека Џастин Бибер и испратил тајна порака на Селена Гомез по нејзината свршувачка со Бени Бланко. Само неколку дена откако Селена објави дека се верила, Џастин објави селфи со неговата сопруга Хејли Бибер.

Сепак, не беше фотографијата што ги заинтригира фановите – тоа беше изборот на песна што тој ја вклучи во објавата. Бибер на фотографијата ја додаде песната All My Ghosts, испеана од Лизи МекАлпин. Оваа емотивна песна говори за спомените со поранешната љубов.

Поради овие стихови, фановите мислат дека Џастин тајно сакал да допре до Селена. „Зошто таа песна?“, „Секако дека објави нешто сега“, „Знам зошто ја објави“, „Знаев дека ќе објави вакво нешто, толку е предвидлив“, „Слушнете ја песната и ќе знаете дека Џастин се обидува да испрати порака“, се дел од коментарите под објавата.

Пред три години Џастин ја објави песната Ghost, која зборува за губење на некој што го сакаш. Уште тогаш фановите мислеа дека е посветена на Селена, а по тој повод се огласи Џастин.

„Мојата цел при создавањето на песната беше да ги натерам луѓето да пеат дека има надеж и дека траумата и болката што ги чувствуваат нема да траат вечно. Потребно е време да се излечи. Ќе дојде време кога повеќе нема да има болка“, рече тој.

Scroll to Top