Фановите во шок откако славната актерка исчезна од социјалните мрежи

 

Американската пејачка Тејлор Свифт ги избриша своите профили на „Инстаграм“, „Фејсбук“ и „Твитер“, а милиони нејзини фанови подигнаа незапаметена бура на интернет прашувајќи се што се случило со неа.

 

Колкаво внимание предизвика овој нејзин неочекуван потег, најдобро покажува податокот дека Тејлор на овие три профили имаше повеќе од 262 милиони обожаватели. Во целата приказна се вклучија сите можни светски медиуми, од Си-ен-ен и Би-би-си, па сè до класичните таблоиди, кои се обидуваат да ја разрешат мистеријата.

Едни сметаат дека е жртва на хакерски напад, додека други се убедени дека се работи за маркетиншки трик.

 

Фановите се надеваат дека со овој екстремен потег таа сакала го најави својот шести албум, кој нејзините обожаватели со нетрпение го очекуваат.

Но, дополнителна конфузија придонесува фактот што пејачката не се огласи по овој повод, како и тоа дека неодамна се појавија информации дека новото ЦД ќе биде објавено на крајот на годината.

Scroll to Top