Новите фотографии на Аријана Гранде објавени на социјалните мрежи повторно ја разгореа загриженоста кај нејзините обожаватели.
Пејачката и актерка номинирана за Оскар се појави на доделувањето на наградите БАФТА каде даваше автограми, а нејзиниот физички изглед предизвика низа реакции.
„Само се надевам дека е во ред, бидејќи сигурно нема да бидам доколку сите толку многу го коментираат моето тело“, напишал еден корисник на Редит во објавата која во меѓувреме е избришана.
Друг корисник додаде: „Секогаш кога ќе видам нова фотографија, повторно сум шокиран“. Третиот искоментирал: „Тажно е да се гледа ова“.
Гранде со месеци се соочува со контроверзии околу нејзиниот изглед, особено за време на промотивната турнеја за филмот Wicked, во кој ја игра Глинда.
Здравствените експерти предупредуваат дека истакнатата градна коска и вдлабнати образи кај возрасните може да бидат знаци на неухранетост или други здравствени проблеми, што дополнително ги поттикна шпекулациите за нејзината состојба.
Гранде разговараше со нејзината колешка од Wicked, Синтија Ериво, во интервју за The New York Times минатата година за исцрпувачкиот распоред за работа за време на снимањето, откривајќи дека и двете имале Ковид во одреден момент.
„Се разболев само еднаш, но непосредно пред некои од најважните сцени во филмот – во мојот случај тоа беше една недела пред снимањето на песната „Популарно““, рече таа.
Ериво призна дека била благодарна кога штрајкот на актерите во летото 2023 година го прекина снимањето бидејќи и двете работеле до точка на исцрпеност.
„На почетокот се чинеше како пауза, но подоцна сфативме дека навистина ни е потребна таа пауза“, додаде таа.
Во декември, Аријана проговори за постојаните онлајн дискусии за нејзината тежина во емотивно интервју за француски весник.
„Од 16 или 17 години, буквално бев како експеримент во лабораториски сад пред јавноста. Го слушнав секој можен коментар. Ти кажуваат што ти е, ти поправаш, а потоа повторно не е во ред поради други причини”, рекла таа.
Пејачката истакна дека верува оти луѓето немаат право да коментираат туѓ изглед.
„Од тоа што го носите, до вашето тело и лице – во денешното општество постои ниво на слобода во коментирањето на туѓиот изглед што не треба да го имаме“, рече таа.
Таа претходно се соочи со критичарите во април 2023 година, откако на интернет се проширија споредби на нејзината тежина низ годините. Во триминутното видео на „Тик-ток“, таа рече дека е „поздрава од кога било“ и ги повика луѓето да престанат да коментираат за телата на другите луѓе.
„Мислам дека треба да бидеме понежни и повоздржани во коментирањето на туѓиот изглед, без разлика на намерата“, рече таа.
Таа исто така нагласи дека верзијата на нејзиното тело со која ја споредуваат е всушност „најнеприродната и најнездрава“.
Таа објасни дека во тој период била на високи дози на антидепресиви, комбинирајќи ги со алкохол, што не се препорачува.
„Јадев навистина лошо и бев на најниската точка од мојот живот, и тогаш луѓето мислеа дека изгледам најдобро“, признала таа.
„Знам дека не треба да објаснувам, но верувам дека нешто добро може да дојде од искреноста и отвореноста. Здравјето може да изгледа на многу различни начини“, заклучила таа.