Филмот „Рѓа“ во кој беше убиена снимателката Хачинс ќе продолжи да се снима со Алек Болдвин во главната улога

Филмот „Рѓа“ во кој на сетот во Ново Мексико беше застрелана снимателката Халина Хачинс, ќе продолжи да се снима со Алек Болдвин во главната улога, објавија продуцентите. Снимањето ќе продолжи во четврток, 18 месеци откако Болдвин ја застрела Хачинс на сетот.

Ќе снимаат на локацијата „Јелостоун“ во Монтана. За потсетување, пред несреќата снимаа на локација во близина на Санта Фе, во Ново Мексико. Хачинс загина на сетот откако Болдвин ја застрела со пиштол реквизит во кој имало вистински куршуми. Го застрела и режисерот Соуза.

Глумецот подоцна се бранеше дека не знаел дека во оружјето имало вистински куршуми. Негираше дека е одговорен, велејќи дека никогаш не пукал од него и дека експертите за оружје кои биле ангажирани, требало да се осигураат да биде безбеден за користење.

Одговорниот за оружјето Гутиерез Рид, рече дека го проверила пуштолот и пред да го предаде на првиот асистент на режисерот, во него имало лажни куршуми. Асистентот потоа му го дал на Болдвин и му рекол дека во него нема никакви куршуми.

Окружниот обвинител го обвини Болдвин за убиство од небрежнсот, а обвинета е и Рид, која била задолжена за оружјето на сетот.

Новиот извршен продуцент на филмот ќе биде Метју Хачинс, сопругот на убиената снимателка. Доколку Болдвин и Рид била осудени, се соочуваат со најмалку 18 месеци затвор.

 

Scroll to Top