Филмот за оперската дива Марија Калас-„Марија“ во режија на Пабло Лараин ќе почне да се снима наесен, во октомври, во Унгарија. Анџелина Џоли ќе ја игра главната улога, а филмот ќе се снима до декември на повеќе локации во Будимпешта.
Филмот „Марија“ е базиран на вистински настани и ќе ја оживее животната приказна на една од најпознатите светски оперски пејачи, за време на нејзините последни денови од животот во седумдесеттите години во Париз.
Грчката пејачка, родена во Америка, е поврзана и со еден од претходните филмови на Лараин, бидејќи била во врска со грчкиот тајкун Аристотел Оназис, кој се ожени со Џеки Кенеди, по смртта на американскиот претседател Џон Ф. Кенеди. Џоли рече дека многу сериозно ја сфаќа одговорноста да го прикаже животот и творештвото на Марија.
„Ќе дадам сѐ што можам за да одговорам на предизвикот. Пабло Лараин е режисер на кого долго му се восхитувам. Да се раскаже повеќе за приказната на Марија со него, и со сценарио на Стивен Кинг е сон“, изјави актерката.