Филмски сцени во кои главните актери настрадале

На филмскиот сет работите често знаат да излезат надвор од контрола, а досега многупати се покажало дека главните актери настрадале за време на некои од снимањата.

Најдобар доказ за тоа е случајната смрт на Брендон Ли, кој го застрелал Мајкл Масе за време на снимањето на „Гавран“.

Еве уште 11 сцени кои можеле да завршат кобно за некои од главните актери.

1. Брендан Фрејзер за малку ќе беше обесен на снимањето „Мумија“ во 1999 година.

„Ме убија 18 секунди. Си помислив како ќе го задржам здивот. Нешто тргна погрешно. Следно што знам е дека се разбудив“, изјавил Фрејзер, кој дополни дека лажното висење во филмовите не е секогаш безбедно како што изгледа.

2. Роберт Патинсон го изгреба задникот за време на снимањето Twilighta во 2008 година.

„Снимавме сцена на борба на крајот на првиот филм во кој го изгребав задникот. Мораа да донесат физиотерапевт кој ме масираше целиот ден“, изјавил Патинсон.

3. Маргарет Хамилтон запалена за време на снимањето „Волшебникот од Оз“ во 1939 година.

Маргарет Хамилтон, која ја глумеше Вештерката на Западот, за време на своето прво појавување во филмот, поради неисправност на вратите остана изложена на активниот пиротехнички уред. Таа завршила со изгореници од трет степен.

4. Шон Остин стоел на стакло за време на снимањето „Господар на прстените: Дружината на прстенот“ во 2001 година.

Слично како и кај „Волшебникот од ОЗ“, и на сетот на трилогијата „Господар на прстените“ се случиле голем број  повреди. Една од посериозните е и онаа на Шон Остин (Сем), и парчето стакло кое завршило во неговото стапало кога влегувал во водата.

„Ногата му беше целосно забиена во парчето стакло. Потрошивме повеќе од еден час за да стигнеме во градот во болница. Повикавме дури и хеликоптер“, изјавил режисерот Питер Џексон.

5. Исла Фишер за малку ќе се удавела пред публиката за време на снимањето на филмот „Мајстори на илузија“ во 2013 година.

Идејата на давење е ужасна самата по себе, но додајте соба полна со луѓе кои ве гледаат и ќе имате  кошмар. Тоа беше реалноста за Исла Фишер за време на снимањето на комплицираните сцени со магичен трик.

„Иако имав разлабавен магнетски синџир на лисици, синџирот што беше меѓу моите нозе се заплетка и не можеше да се скрши. Сите мислеа дека фантастично одглумив“, изјави Фишер.

Екипата на сетот  сфати што се случува по неколку минути.

6. Силвестер Сталоне завршил на интензивна нега пет дена по снимањето на „Роки 4“ во 1985 година.

Долф Лундгрен навистина го истепал Сталоне на сетот затоа што Американскиот бокссер мислел дека тоа би било добра идеја.

„Еј, имам идеја. Првите 45 секунди обиди се да ме нокаутираш, но навистина обиди се“, се присетил Сталоне.

„Ме удри неколку пати и следно што знам е дека се разбудив на интензивна нега по пет дена. Ме удри во срцето толку силно, што дури и ребрата почнаа да ми отекуваат“, изјавил Сталоне.

7. И Мерил Стрип за малку ќе се удавела за време на снимањето на „Дива река“ во 1994 година.

Стрип, која голем дел од своите акробации ги изведувала сама, му рекла на режисерот дека е уморна, а тој барал да се обиде уште еднаш.

„Бродот падна во дупка и се преврте. Јас завршив во реката. Се сеќавам како тонев на дното и ладната вода ме влечеше подлабоко. Првата помисла ми беше дека ако загинам, сопругот на сетот ќе дојде со мачета“, се присетува Стрип.

8. Линда Хамилтон имала делумен губиток на слухот за време на снимањето на „Терминатор 2“ во 1991 година.

За време на снимањето на сцената каде бегаат од болница, Хамилтон направила едноставна грешка. Заборавила да ги затне ушите, по што можела да заврши со сериозни повреди.

„До ден денес имам сериозни проблеми со слухот на едното уво. Вратата се затвори, а со нас имавме сачмарки. Кога почна пукањето,  бев во агонија. Паднав на колена од болка. Си помислив дека сум застрелана. Татнежот беше толку интезивен, толку екстремен, што никогаш нема да го заборавам тој момент“, се присетува Хамилтон.

9. Даниел Крег останал без парче од прстот за време на снимањето „Зрно утеха“ во 2008 година.

„Не беше толку екстремно, но многу крвавев. Снимањето прекина и сите гледаа дали останав без прстот. Го бараа, но не можеа да го најдат“, се присетува „Џејмс Бонд“.

10. Џим Кавизел буквално беше погоден од грмотевица за време на снимањето на филмот „Пасија“ во 2004 година.

Кавизел и асистентот на режисерот Јан Мичелини на сетот биле под чадор кога биле погодени од гром.

„Бев на 30 метри од нив и видов дека громот излегува од ушите на Кавиезел. Громот ги погоди и двајцата“, изјавил продуцентот Стив Мкевети.

11. Харисон Форд и Ј.Ј. Абрамс ги скршиле коските за време на снимањето „Војна на ѕвездите: Силата се буди“ во 2015 година.

 

 

Scroll to Top