(Фото) Адријана Лима без шминка- поубава кога е природна

Бразилка Адријана Лима објави слика на Инстаграм, веднаш по будењето. Нејзините фанови и дадоа комплименти дека е многу поубава во природно издание, одошто кога има шминка.

37-годишната Адријана која ја следи репутација на светска убавица, повеќе пати истакнала дека е благодарна на одличната генетика. Сепак, не е тајна дека поранешната сопруга на кошаркарот Марко Јариќ исклучително се грижи за својот изглед.

 

Еден од важните трикови за убавина е тоа што секојдневно лицето го мие со кокосова вода која е богата со антиоксиданси кои го забавуваат стареењето (ја користи и фали и Мадона), а кожата ја негува со органски препарати од авокадо кое е богато со калиум и витамините Б и Е кои се важни за хидратација на кожата.

Scroll to Top