(ФОТО) Адријана Лима и Марко Јариќ уживаат со ќеркичките во Црна Гора

By

Овие денови сите очи се вперени во Адријана Лима и Марко Јариќ кои во моментов се наоѓаат во Црна Гора, каде со ќеркичките уживаат во летните горештини.

Се разбира секој пат кога поранешните сопружници ќе се најдат заедно на некое место, се покренуваат приказни за можното помирување, но изгледа дека е во прашање само одличниот однос и договор за развод со кој Адријана Лима и Марко Јариќ никогаш нема да се одречат од своите ќеркички.

Така, семејството секогаш ќе се собере на важни моменти, а таков важен момент секако е летувањето, зар не? Очигледно е дека Адријана и Марко уживаат во заедничките моменти баш како и нивните ќеркички кои не ги тргнаа насмевките од своите лица!

Vale, Sisi and Dad ♡ #valentinalimajaric #sennalimajaric #markojaric @marko_jaric10

A post shared by Valentina and Sienna Lima (@valentinasienna) on

Инаку, Адријана Лима и Марко Јариќ во моментот уживаат во Будва во луксузниот апартман во кој им е загарантирана приватноста, а поранешните сопружници дури имаат и „лична“ плажа за да на мира уживаат во својот одмор.

Ќе ви се допадне