(Фото) Актерката Хилари Даф се омажи тајно

Глумицата Хилари Даф (32) викендов тајно се омажи за својот вереник, музичарот Метју Кома. Тие се венчале во дворот на нивната куќа во Лос Анџелес, во присуство на најблиското семејство и неколку пријатели. Хилари потврди дека се омажила, па објави слика на „Инстаграм“ покрај автомобил на кој пишува „Штотуку венчани“,

Инаку, Хилари и Метју се верија пред неколку месеци, а лани се роди нивната ќерка Бенкс.

Ова е втор брак на глумицата. Таа претходно беше мажена за спортистот  Мајк Комри со кого го има синот Лука Круз Комри.

Scroll to Top