(Фото) Алекс облече розово за Џенифер Лопез

По повод последниот концерт на Џенифер Лопез, нејзиното момче, поранешниот бејзбол-играч Алекс Родригез, организира голема забава на која се појави во розова кошула и панталони.

Џеј Ло за прославата се одлучи за комбинезон и јакна со крзно на леопард.

Пејачката ја заврши својата турнеја со концертот во Лас Вегас. Американката има постојано шоу во Лас Вегас од почетокот на 2016 година, а синоќа со голем концерт заврши уште едно поглавје во својот живот.

Во последните месеци пејачката беше доста активна на деловно поле. Само во последниот месец имаше закажани 15 концерти. На својот профил на социјалните мрежи таа се пофали дека е во топ-форма.

 

„Кога го започнав ова патување, првично си помислив дека 15 концерти можеби се премногу. Но, си ветив дека нема да изневерам никој од мојот тим и од обожавателите и дека на крајот ќе излезам уште посилна. Ќе вежбам и ќе бидам во најдобра форма во животот. Имаше моменти кога бев уморна, но еве сега не сум. Јас сум толку емотивна, но се чувствувам и силно, среќно и благодарно“, изјавила Лопез.

Scroll to Top