(Фото) Анџелина Џоли откри за нејзината лезбиска врска со јапонска глумица

Анџелина Џоли во деведесетите години била заљубена во нејзината колешка Џени Шимицу , а малку фалело и да се венчаат, открива глумицата.

Џоли и Џени се запознале за време на снимањето на филмот Foxfire, а и самата таа признала дека тоа било љубов на прв поглед. Врската ја одржувале низ годините  и во време кога Џоли била во врска со други мажи.

„Веројатно ќе се омажев за неа ако не бев во брак“, искрено открила Џоли во едно од своите интервјуа, а и самата признала дека и самата таа била изненадена од чувствата кои ги имала кон јапонско-американската глумица.

Џени од старт се декларирала како лезбејка. Светските медиуми пишуваат дека таа наводно била фатална за уште една светска ѕвезда Мадона,. За разлика од Џоли, Мадона никогаш јавно не зборувала за нивниот однос, но неколкупати досега биле видени заедно. Таа за Мадона била како сексуална робинка.

„Ќе ми ги платеше летовите насекаде низ светот, само за да дојдам одма кај неа и да спиеме заедно. Бев нејзин сексуален роб“, изјавила Шимицу во едно од своите интервјуа.

Таа во 2012 година на една забава ја запознала Мишел Харпер, неколку неди откако Анџелина се омажила за Бред Пит. Двете се венчале во летото 2014 година. Иако ја поканила Џоли на венчавката, глумицата не се појавила.

„Не сакав да ме испрати до олтарот. Не барав од неа такво нешто. Но, мислев дека ќе биде кул ако дојде на венчавката, затоа што имаме заедничка историја“, изјавила Шимиќ.

 

 

 

 

Scroll to Top