(Фото) Анџелина Џоли во љубовна врска со позната глумица

Според пишувањата на американскиот таблоид „Woman’s Day“, познатата холивудска актерка Анџелина Џоли е во врска со својата колешка Еван Рејчел Вуд.

„Иако таа сака приватниот живот да го задржи за себе, на неколку блиски пријатели им призна дека по разводот од Бред Пит, одлучила да заврши со мажите“, рекол извор близок на актерката и открил дека Анџелина наводно со сегашната партнерка се запознала пред 10 години на еден настан.

https://www.instagram.com/p/B4z8cyyFV8a/

„Може слободно да се каже дека тоа беше љубов на прв поглед, но и двете тогаш беа во среќни врски, па своите чувства мораа да ги потиснат. Но, на крајот сепак ги спои судбината и сега може да уживаат“, рекол изворот.

Доколку се точни шпекулациите, ова нема да е првата жена која е во врска со Анџелина. Всушност, таа во 90-тите беше во врска со Џени Шимизу.

 

Scroll to Top