Антонио Бандерас го продава својот стан на Менхетен за 7.400.000 долари, пишуваат светските медиуми. Глумецот станот го купи во 2005 година за 4.000.000 долари, со поранешната сопруга Мегали Грифит.
Станува збор за стан со четири спални соби и исто толкав број бањи. Бандерас го направил домот од два стана, кои ги споил во еден поголем. По разводот со Мелани во 2016 година, тој станал сопственик на истиот.
Највпечатливи се големите прозорци, кои овозможуваат завидлив поглед на преубавата панорама на градот. Сепак, малкумина можат да си го дозволат овој стан. Цената на оваа недвижнина сега е речиси двојно поголема, отколку кога Бандерас и Мелани ја купија во 2005 година.
Бандерас го дал огласот за станот уште во 2018 година, а досега глумецот ја спуштил цената за повеќе од половина милион долари. Бандерас планира да се пресели во Лос Анџелес, за да биде во близина на своето семејство.
Тој го продал и домот во Лос Анџелес што го делел со Мелани Грифит, за цена од 16.100.000 долари.