(Фото) Аријана Гранде се сврши вторпат: дијамантски прстен по 10 месеци врска

Светски познатата пејачка Аријана Гранде се сврши по десет месеци врска со Далтон Гомез. Ова е нејзина втора свршувачка откако пред две години беше свршена за комичарот Пит Дејвидсон. Аријана на „Инстаграм“ го покажа дијамантскиот прстен што ѝ го дал нејзиниот нов дечко, кој е агент со недвижности. „Засекогаш и малку подолго“, напиша таа покрај сликите што ги објави.

 

„Двајцата се многу среќни и возбудени, но среќни се и нивните родители“, рекол извор близок до двојката за „Пипл“.

Аријана и Далтон се во врска од февруари. Но, бидејќи неколку недели подоцна почна карантинот поради короната, тие веднаш почнаа да живеат заедно во нејзиниот дом во Лос Анџелес и да се дистанцираат од другите луѓе, потврди истиот извор на „Пипл“ и рекол дека тоа што се зближиле за кратко време ја направило нивната врска посилна.

Двојката долго време ја криеше врската од јавноста, а првпат се појавија заедно на црвениот тепих во мај на премиерата на спотот за песната Stuck with U, што Аријана ја сними со Џастин Бибер. Претходно, медимите постојано пишуваа за врските на Гранде и постојано ја следеа за да ја сликаат со нејзините дечковци. Па, затоа Аријана решила оваа врска да ја чува што е можно подолго скриена од нејзините фанови и медиумите.

 

 

Scroll to Top