(Фото) Бекамови ги крстија децата, Ева Лонгорија им беше кума

Дејвид и Викторија Бекам ги крстија своите ќерка и син, Харпер и Круз, а кумови им беа глумицата Ева Лонгорија и режисерот Гај Ричи.

„Не можам да бидат повеќе горда на своите деца. Им се заблагодарувам на моето семејство и прекрасните кумови. Ве сакаме Ева, Кен, Марк и Дејвид“, напишала Викторија Бекам на социјалните мрежи, со фотографија од нејзиното семејство.

Ева Лонгорија напиша дека чест и е да биде кума на најслаткото девојче на светот.

„Те сакам Харпер“, напишала глумицата на социјалните мрежи, со нивна заедничка фотографија.

Бекам и Викторија, покрај Харпер и Круз, ги имаат и Ромео и Бруклин, кои се веќе крестени. Кум на нив двајца им беше британскиот музичар Елтон Џон.

„Децата ни се наш приоритет. Сè што работите се врти околу нив. И јас и Бекам го сакаме она што го работиме и се цениме еден со друг. Среќни сме што растеме заедно“, изјавила Викторија и објаснила дека кога го запознала Бекам тоа било љубов на прв поглед.

Двајцата се запознале на јавен паркинг во Лондон, а поранешната пејачка на групата „Спајс Грлс“ вели дека не ни била свесна со колку жени ќе мора да се бори за да го задржи Бекам покрај себе.

 

 

Scroll to Top