(Фото) Бен Афлек ја продава вилата во која живееше сам по разводот со бившата, со Џенифер Лопез се селат во нов дом

By

Глумецот Бен Афлек ја продава вилата во која живееше сам по разводот со Џенифер Гарнер. Со Џенифер Лопез сега бара нов дом. Оваа куќа е третата најскапа во таа област во Лос Анџелес, а за неа глумецот бара 28,5 милиони долари, пренесоа медиумите.

dobivaj vesti na viber

Во вилата се всели во 2018 година, одма по разводот со Гарнер, а ја купи за 19 милиони долари. Бен кој неодамна се ожени со Џенифер Лопез, е во потрага по нов дом.

Нивни пријатели откриваат дека немаат доволно место во вилите кои веќе ги имаат, па сега сакаат да купат нов, поголем и полуксузен дом. Вилата се простира на 13.000 квадратни метри. Има седум спални, девет купатила, раскошни дневни соби, кино, вински подрум, бар и теретана.

Имаат и голем двор кој е заграден со високи жици и дрва. Имаат голем балкон и уште еден на другиот кат со прекрасен поглед. Имаат и куќичка за гости, базен со тобоган и спа.

За потсетување, Бен и Џенифер се свршија пред 18 години, но, поради притисокот од јавноста, прекинаа. Повторно се смирија во 2021 година, а втората свршувачка се случи во април годинава. Се венчаа на 16 јлули во Невада. Потоа направија уште една луксузна свадба за пријателите.

Џеј Ло ги има 14-годишните близнаци Ема и Макс со поранешниот сопруг Марк Ентони (53), а Бен со поранешната има три деца, Вајолет (16), Серафина (13) и Семјуел (10).

Ќе ви се допадне