(Фото) Бен Афлек со страст ја љуби Џенифер Лопез

Бен Афлек и Џенифер Лоез се среќно заљубени. Двајцата не ги тргаат насмевките од лицата откако повторно се заедно. Тие повеќе не се кријат ни од папараците, а се чини дека ги имаат испеглано сите несогласувања во минатото, пишуваат светските медиуми.

Неодамна се видени како разменуваат бакнежи и страсно се љубат пред да полетаат со нивниот приватен авион на аеродром во Лос Анџелес. Додека пилотот стрпливо ги чекаше, среќната двојка не брзаше и уживаше во секој момент.

За потсетување, Бен и Џен својата врска ја обновија откако латино-пејачката раскина со поранешниот професионален безбол играч Алекс Родригез. Врската службено ја потврдија во јули годинава по повод прославата на нејзиниот 52 роденден.

Двајцата се запознаа во 2002 година за време на снимањето на филмот „Гигли“, а се свршија во 2003 година. И покрај плановите за свадба, тие на големо изненадување на фановите ја прекинаа врската една година подоцна.

На социјалните мрежи нивните пријатели им пишаа дека им е многу драго да ги видат двајцата заедно и среќни.

 

Scroll to Top