Папараците го снимија холивудскиот глумец Бен Афлек како со страст ја љуби неговата свршеница Џенифер Лопез во автомобил. Тие биле видени откако излегле од нивниот дом во Лос Анџелес. На глумецот не му сметаа папараците и продолжи со размена на нежности некое време.
За потсетување, тој неодамна ја побара за жена по вторпат додека пејачката се опуштала во када.
„Во саботата вечерта додека бев на моето омилено место, мојата љубов клекна и ме запроси“, рече Лопез. Таа кога го доби новиот прстен рече дека се потсетила на запросувањето од пред 20 години, па од среќа почнала да плаче.