(Фото) Бившиот на Бритни е прогласен за виновен за упад на нејзината свадба и напад врз обезбедувањето

Бившиот сопруг на Бритни Спирс, Џејсон Александер, е прогласен за виновен за упад на нејзината свадба и напад на обезбедувањето. Пејачката се омажи во јуни за фитнес тренерот Сем Асгари. Двајцата направија интимна церемонија во Лос Анџелес.

Џејсон сега е прогласен за виновен за насилен упад на нејзиниот имот и за нанесување на повреди на лицата од нејзиното обезбедување. Во соопштението кое беше пуштено во јавност стои дека тој не ги оспорува обвинувањата.

„Александер ја оштети вратата и скокна на лицата од обезбедувањето кои се обидоа да го тргнат од нејзиниот имот, откако претходно одбил да ги послуша“, стои во соопштението.

Инцидентот се случил моменти пред венчавката, додека Бритни ја подготвувала венчаницата. Тогаш бил фатен Александер, со кого пејачката беше само 55 часа во брак. Џејсон нелегално влегол на нејзиниот имот, а за тоа време и се снимал на социјалните мрежи.

На обезбедувањето им кажал дека бил поканет од Бритни, која била негова прва и единствена љубов. Потоа им се заканил дека ќе ја уништи цела венчавка.

На крајот беше обвинет за казнено дело следење. На судското сослушување во округот Вентура, рече дека не е виновен за обвинувањето за казненото дело следење и уште други четири прекршоци.

Судијата му одреди кауција од 100.000 долари и забрана за приближување од 100 метри до Бритни, во наредните три години. Џејсон официјално се изјасни дека не е виновен по ниту една од точките, вклучувајќи го и казненото дело следење со претходна осуда за семејно насилство и три прекршочни точки со потежок упад, одбивање на напуштање на приватен имот, вандализам и злоставување.

Александер нема да мора да служи дополнителна затворска казна поради обвинението. Во соопштението до јавноста стои дека е осуден на казна отслужено време, по што поминал 64 дена во затворот на округот Вентура. Неговото следно судење е закажано за 9 ноември.

 

Scroll to Top