(Фото) Бившите љубовници на Хју Хефнер му ја уништија вилата

Бившите љубовници на Хју Хефнер му ја уништуваат вилата на некогаш најголемиот плејбој, пренесуваат светските медиуми. Вилата има 20 соби и зафаќа површина од 14.000 квадратни метри, а поради неговите бивши, местото постојано е во фаза на поправки.

Се реновираат базените, тениските терени, тревниците. Новиот сопственик милијардерот Дарен Метропулос само не може да направи промени во главната структура на имотот. 

Хефнер кој е основач на магазинот „Плејбој“ и беше познат по неговата долга листа на девојки и момчешкиот начин на живот во неговата вила почина во 2017 година на 91 година. .

Во вилата живееше сè до неговата смрт, иако една година претходно му ја продаде на на Метрополус за 100 милиони долари. Во неа приредуваше голем број забави со многу гости и суппермодели. Клучот за имиџот беше изглед на постар, богат човек опкружен со млади супермодели. 

Со првата жена Милдред Вилијамс се венчаше во 1949 година. Со неа имаше две деца пред да се разведат во 1959 година. Со Кимберли Конрад се ожени 1989 година и со неа има две деца. Се разведоа во 1998 година, а разводот го завршија во 2010.

Неговиот последен брак со Кристал Харис се случи во 2012 година, која остана со него сè до неговата смрт.

 

Scroll to Top