Прославениот холивудски заводник Бред Пит со својот изглед ги плени жените ширум светот и сè уште важи за еден од најзгодните и најпривлечните актери и покрај тоа што веќе е во седмата деценија.
Сепак, иако милиони жени се луди по него, никогаш не сме биле доволно заинтересирани да дознаеме повеќе за неговото семејство. Така во центарот на вниманието се најде неговиот три години помлад брат Даглас.
Love learning about Brad Pitt’s brother Doug. Doug Pitt. pic.twitter.com/6hZEbOFBn7
— paige (@BonerWizard) July 28, 2019
Иако многу наликуваат еден на друг, Даглас не сакал да се занимава со јавниот бизнис, но тоа не значи дека заработува многу помалку од неговиот славен брат.
Има компјутерска агенција и е многу успешен во својот бизнис.
Тој е вклучен во продажба на недвижнини, инвестирање и хуманитарна работа. Покрај тоа, тој е амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ и основач на хуманитарната организација „Care to Learn“ која им помага на децата, а исто така собра 750.000 долари за проекти за чиста вода во Танзанија.
Освен тоа, Даглас не е како Бред кога е во прашање неговиот љубовен живот. Тој веќе триесет години ужива во љубовта со иста жена и заедно имаат две деца.