Холивудските ѕвезди Леонардо ди Каприо и Бред Пит синоќа беа заедно фотографирани на црвениот тепих во Кан. Актерите се појавија со режисерот Квентин Тарантино по повод премиерата на нивното најново филмско дело Once Upon A Time In Hollywood. Бред и Леонардо беа облечени во класични смокинзи.
Покрај нив на црвениот тепих се појавија и Марго Роби и Даниела Пик, сопругата на Тарантино. Марго се појави во црно-бела комбинација од Шанел.
Филмот бил проследен со одушевување, а Тарантино доби овации од публиката за неговото најново филмско дело.