Меџити: Заврши реконструкцијата на „Фан С. Ноли“ – поставен нов асфалт и квалитетна инфраструктура

Изет Меџити соопшти дека е успешно завршен уште еден инфраструктурен проект во Општина Чаир, со целосно завршување на асфалтирањето на улицата „Фан С. Ноли“.

Како што истакна тој, станува збор за инвестиција реализирана според сите предвидени стандарди, која значително ќе придонесе за подобрување на локалната инфраструктура.

Со овој проект, како што посочи Меџити, се зголемува безбедноста во сообраќајот и се олеснува секојдневното движење на граѓаните во овој дел од општината.

Scroll to Top