Глумецот Бредли Купер и неговата поранешна партнерка, манекенката Ирина Шајк, се смирија и повторно се заедно, пишуваат светските таблоиди.
Популарната двојка била видена за време на една нивна прошетка низ Њујорк со ќерка им. Некои од нивните пријатели сепак велат дека меѓу нив нема никакви љубовни односи и дека само се добри пријатели поради нивната ќерка.
За време на прошетката низ Њујорк тие носеа заштитни маски и беа расположени. За потсетување, Бредли и Ирина се разделија во јуни минатата година по четири години врска.