(Фото) Бредли Купер и Ирина Шајк се сретнаа по десет месеци

Глумецот Бредли Купер и топ-моделот Ирина Шајк се сретнаа првпат во јавноста, десет месеци откако раскинаа. Двајцата беа на забавата што викендов ја организираше модното списание „Вог“ во Лондон. Бредли и Ирина позираа заедно со главниот уредник на британското издание на магазинот, Едвард Енинфул. Познатата манекенка беше на насловната страница на последниот број на списанието. Во интервјуто што го даде за „Вог“, таа зборуваше отворено за нејзината врска со Бредли, за раскинувањето и тешките моменти откако останала сама.

За потсетување, Ирина и Бредли раскинаа пред околу една година. Тогаш се зборуваше дека причина за раскунувањето е наводната врска на Бредли со Лејди Гага, со која глумеше во филмот „Ѕвездата е родена“. Двојката ја има ќерката Леа.

 

 

Scroll to Top