(Фото) Бритни Спирс го прослави роденденот со дечкото

Поп-пејачката Бритни Спирс го прослави својот 38. роденден во друштво на нејзиниот дечко Сем Асгхари. Двајцата го поминале целиот ден заедно. Прво биле видени на лизгалиште, па на куглање и на крајот пливале во базен.

Пејачката доби голем број коментари на сметка на нејзиниот изглед и сите ја посоветуваа дека треба да ослаби.

Пејачката неодамна ги откажа сите концерти во Лос Анџелес, поради нарушеното здравје на нејзиниот татко Џејми Спирс. Џејми е законски старател на Бритни уште од 2005 година, откако пејачката доживеа нервен слом.

Scroll to Top