(Фото) Бруклин Бекам и Хана Крос пред раскинување

Бруклин Бекам повторно има љубовни проблеми со неговата девојка Хана Крос. Најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам бил снимен во автомобилот заедно со Хана низ улиците на Беверли Хилс. Американските медиуми пишуваат дека расправијата била толку жолчна што веројатно само прашање на време е кога ќе се разделат.

Двајцата си викале еден на друг и биле толку гласни што го привлекле вниманието на случајните минувачи. Папараците ги снимиле како плачат, а по кратко време Хана излегла од возилото и го оставила Бруклин сам. Медиумите пишуваат дека ова не е прв пат како Бруклин и Хана имаат проблеми во љубовта.

Пред неколку недели доживеале слична драма, а Бруклин подоцна бил виден како шета низ Лондон во алкохолизирана состојба. Најстариот син на Бекам, отсекогаш бил на мета на медиумите и папараците.

Досега Бруклин имал неколку љубовни врски кои го привлекле вниманието на неговите обожаватели. По бурната врска со Клои Грејс Морес, тој сега се забавува со Хана Крос.

 

Scroll to Top