(Фото) Бруклин Бекам со нова романтична тетоважа посветена на Никола Пелц

Бруклин Бекам, најстариот син на еден од најпознатите британски парови, Викторија и Дејвид Бекам, реши да ја изрази љубовта кон својата 26-годишна свршеница Никола Пелц со најнова тетоважа.

Досега 21-годишниот Бруклин и посвети дури четири тетоважи на американската актерка Никола Пелц, а најновата ја сподели самата Никола на социјалните мрежи.

 „Засекогаш моја личност“, напиша Пелц под фотографијата од раката на свршеникот Бруклин, чија тетоважа гласи „Мојот живот, мојата љубов, мојата вистина, мојот здив, мојата причина, мојата убавина, мојата драгоцена“.

Scroll to Top