Според странските медиуми, луѓето во аптеката биле вознемирени затоа што Вилис (65) не носел маска. Актерот имал шал ставен околу вратот.
Ѕвездата на филмот „Die Hard“ (Умри машки), кој беше фотографиран во аптеката без маска, го напуштил објектот со празни раце откако менаџерите му рекле дека не може да биде услужен ако не носи маска.
Surprised to see that Bruce Willis was kicked out of a drugstore for not wearing a mask. Surely there should be no reason for me to point out that #COVID19 should be taken seriously by everybody, celebrity or otherwise! #COVIDIOT #facepalm pic.twitter.com/c3vtEWBi9T
— Mark Companion (@markpencilguy) January 12, 2021
Вилис подоцна преку неговиот ПР-агент се извини за инцидентот, велејќи дека било „погрешна одлука“ да не стави маска и порача:
„Бидете безбедни и да продолжиме да носиме маски“.
Јавноста изрази загриженост дека со ваквиот потег, Вилис се покажал како антимаскер. Некои дури и го нарекоа „ковидиот“ – човек кој одбива да верува во коронавирусот и да се заштити од зараза. Актерот поголемиот дел од корона -кризата го помина во карантин со неговата поранешна жена Деми Мур и нивните деца во семејната куќа во Ајдахо.