(Фото) Бурна забава во Италија: девојката на ди Каприо го искина фустанот на свадбата на Безос

Девојката на Леонардо ди Каприо (51), италијанската манекенка Виторија Серети (27), откри дека имала проблем со фустанот за време на гламурозната свадба на Џеф Безос и Лорен Санчез.

Черети носеше винтиџ фустан од Долче и Габана на забавата во саботата, но славењето очигледно било толку бурно што фустанот не издржал.

Манекенката сподели серија фотографии „како започна наспроти како оди“ на социјалните мрежи, покажувајќи како мал скинат дел се претворил во сериозно скинат фустан.

Денот пред големата забава, во петокот, ди Каприо и Серети присуствуваа на самата венчавка на островот Сан Џорџо Маџоре.

Моделот носеше елегантен црн фустан, а косата и беше собрана во уредна ниска пунџа, додека актерот, кој е во врска со Виторија од мај 2023 година, се одлучи за класичен црн смокинг и црна бејзбол капа.

Scroll to Top