(Фото) Ченинг Тејтум и Џеси Џеј се повторно заедно

Американскиот глумец Ченинг Тејтум и британската пејачка Џеси Џеј се повторно заедно. Двојката се смири откако раскинаа пред два месеца, откри „Е! Њуз“. Тие беа на прошетка во Лос Анџелес, а фотографиите на кои се насмеани и се држат за раце беа објавени на неколку американски портали.

„Беа разделени неколку недели, ама сфатија дека и понатаму се сакаат и дека треба да си дадат уште една шанса“, рекол пријател на Ченинг за „Е! Њуз“.

 

 

Ченинг и Џеси беа во врска скоро една година пред да се разделат. Тие долго време криеја од јавноста дека се заедно. Пред врската со Џеси, Тејтум беше оженет со глумицата Џена Деван, со која има син.

Scroll to Top