Британскиот актер Даниел Редклиф, кој сите го познаваат по улогата на франшизата за волшебникот Хари Потер, целосно го има променето имиџот за потребите на снимањето во новата улога во филмот „Бегство од Преторија“.
Даниел во филмот кој е базиран на вистинска приказна, го игра ликот на Тим Џенкин, па поради тоа морал да пушти коса и брада. Редклиф вели дека слично како и во филмот со Хари Потер и во оваа улога тој ќе носи очила, но сега нешто поголеми и малку поинакви, со коцкаст облик.
Дваесет и деветгодишниот актер сега се обидува да продолжи во градењето на својата кариера, бирајќи нови предизвикувачки улоги. Редклиф се надева дека новата улога конечно ќе му донесе успех.
Редклиф не може да направи поголем задоволителен успех и покрај тоа што по улогата на Хари Потер, учествувал во бројни филмски проекти. Поради тоа Редклиф имал големи проблеми со алкохолизмот и депресијата.