(Фото) Дејвид Бекам во влечки и бели чорапи на ревијата на Викторија

Дејвид Бекам се појави во црни влечки и бели чорапи на ревијата на неговата жена Викторија Бекам, која се одржа во Лондон и го привлече вниманието на социјалните мрежи. Фановите овој пат не беа воодушевени од стилот на славниот фудбалер, кој е секогаш среден.

„Дејвид, те сакам! Но, чорапите и сандалите се големо НЕ“, „Прекрасна семејна слика! Но, не можам да ја смислам таа комбинација на чорапи и влечки“, „Дејвид, зошто чорапи и влечки, тоа никогаш не изгледа добро“, се дел од критиките за стилот на Бекам.

Инаку, на ревијата единствени гости беа семејство Бекам, а потоа тие фотографиите ги објавија на социјалните мрежи.

„Толку сме горди бидејќи имаше многу ограничувања сезонава, но Викторија и тимот уште еднаш успеаја и не можеме да бидеме посреќни, бидејќи сме единствените гости во зградата. Браво мама“, напиша Дејвид .

 

Scroll to Top