(Фото) Децата на Енрике и Ана во различни дресови додека играа Русија и Шпанија

Во домот на Енрике Иглесијас и Ана Курникова владее навивачки амбиент додека трае Светското првенство во фудбал, а особено кога се натпреваруваат нивните родни земји.

37-годишната поранешна тенисерка сподели фотографии од нивните деца за време на мечот помеѓу Русија и Шпанија.

На едната фотографија малите Николас и Луси носат дресови од шпанската репрезентација, родната земја на татко им Енрике, додека на другата се облечени во маички кои покажуваат дека се навивачи за тимот на Русија, од каде потекнува мајка им Ана.

Scroll to Top